Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 ч.) во второто коло од Светкото првенство ќе игра против Египет и ќе се обиде да го поправи впечатокот од првиот натпревар.

Ракометарите на стартот на Мундијалот беа катастрофално поразени со 20-32 од Шведска во натпревар во кој потфрлија во сите елементи од играта.

Тоа што влеговме како замена за Чешка во последен момент не треба да биде изговор, бидејќи и противниците во последен момент дознаа дека ние доаѓаме. Не покажавме буквално ништо. Мора да го заборавиме дуелот со Шведска за да одиграме добро против Египет и Чиле. Треба да покажеме зошто сме тука. Ќе тргнам од мене, иако Египет е фаворит мора да се покажеме во одбраната, а за неа треба да имаш мадиња. Не може да немаш срце, да не направиш фаул во сите 60. минути, тоа е недозволиво, вели Филип Кузмановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.