Во Прилеп скоро на секое избирачко место има проблем со фингерпринт уредите. Дел препознава, дел не препознава избирачи. Во консултација со ДИК наводно проблемот не е само во Општина Прилеп, проблемот се случува во моментов на ниво на цела држава – вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Додава дека тие немаат право да ги затворат избирачките места, односно да престане гласањето туку избирачкиот одбор продолжува по стариот начин на гласање без фингерпринт односно со лична карта и отисок, УВ ламба и спреј.

Инаку, во текот на вчерашниот ден во Прилеп гласаа 389 болни и изнемоштени лица и 12 лица заболени од Ковид, како и 88 граѓани дел затвореници, а дел штитеници во домот за стари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.