Никола Бинов, човекот кој во вторникот со пцовки се обрати до премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупче Николоски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, екс-министерката Рената Десковска, братот на премиерот Вице Заев, неговата сопруга Зорица Заева, братучедот Трајче Заев и останатото раководство на владејачката СДСМ и ги прозвма како криминалци, наркомани, проклетници, душмани на накедонскиот народ и држава, доцна вчеравечер е приведен во полициската станица во Ново Лисиче.

Како што пренесува Инфомакс, Никола Бинов, инаку член на СДСМ од Неготино, кој во градот важи за еден од најистакнатите членови на партијата., незадоволен од власта на Зоран Заев и неговата коалиција со поранешниот шеф на Упоравата за безбедност и контраразузнавње (УБК), Сашо Мијалков, завчера пред Владата на Македонија, седиштето на СДСМ на „Бихаќка“ и на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ им наброја „мајки и шајки“ на целото раководство на партијата, но и на семејството на премиерот Заев.

Поради ова, тој е приведен во полициската станица во Ново Лисиче, каде доцна вчеравечер му е напишана пријава по даден исказ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.