АПЕЛ И ПРЕДИЗВИК ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК!

Група на самостојни активисти од Куманово ги повикуваат на предизвик сите кандидати за градоначалник на општина Куманово. Бидејќи сакаме да го согледате нашиот труд и трошоци со кои се соочуваме секојдневно во борба за спасување на бездомни животни, ве повикуваме да бидете дел од нашата кампања за подигнување на свеста за состојбата на бездомните животни во Куманово.

Во прилог ви доставуваме слики од животни на кои им е потребна помош. Ваше е да изберете на кое животно ќе помогнете, со кое се подразбира покривање на сите трошкови до нивно вдомување. Од наша страна ќе биде јавно објавувано за секое животно до каде е и како е, секако и спонзорот на тоа животно, а во меѓувреме ќе им бараме дом.

Повелете изберете, донирајте, а ние ќе се погрижиме за останатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.