Втора година по ред група млади спортисти, планинари и верници од Прилеп празникот Богојавление го одбележаа на уникатен начин со капење во водите на замрзнатото Плетварско Езеро, пренесува „Сител“. Ова е единствен ваков настан во Македонија за одбележување на Водици со правење дупка во форма на крст во дебелиот езерски мраз длабок околу 15 сантиметри. Организаторите за телевизијата велат дека идејата ја добиле лачнии слушајќи како порано дел од нивниите дедовци го прославувале празникот.

Конкретно од мојот дедо кој ми кажуваше како порано во минатото го празнувале овој голем христијански празник, така ми се роди идејата и затоа минатата година решивме една група на спортисти да го одбележиме вака празникот и да започнеме една традиција, без скокање по светиот крст, туку исклучително за здравје, мир, љубов и спокој, додаде Дарко Неданоски, организатор на настанот.

Денеска на настанот присуствува 30-тина учесници од кој една беше девојка. Некои за првпат влегуваат во осветените води на овој ден, а некои се фрлале по крстот и по неколку пати, но годинава одлучиле тоа го направат на најуникатниот начин во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.