Француската пратеничка од редовите на партијата на Емануел Макрон и поранешна министерка за европски прашања, Натали Лоазо, порача дека Северна Македонија и припаѓа на Европската Унија од секој аспект и рече дека ја разбира важноста да се задржи европската перспектива за да се поддржат реформските сили во земјата, но таа уште еднаш потсети и на потребата од внатрешна реформа на ЕУ.

-Нашата куќа не е средена, имаме тензии, не смееме да ги премолчиме и да глумиме дека проширувањето  е лесно, за да успее проширувањето треба да си ги дадеме себеси средствата, да ги избегнеме лесните и демагошки дискурси дека е важно сега да се отворат преговори, и не е важно колку време ќе траат. Долги преговори исто толку доведуваат до очај, истакна пратеничката Лоазо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.