На денешното одбележување на  годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност на РСМ (АНБ), претседателот на Македонскиот полициски синдикат синдикат (МПС), Марјан Кицев и директорот на АНБ Виктор Димовски го потпишаа Колективниот договор за вработените во АНБ.

 

Потпишувањето на овој Колективен договор претставува чин на унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени правата од работен однос на вработените во Агенцијата за национална безбедност(АНБ) за што, стои во соопштението од МПС, Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во АНБ се задоволни бидејќи успеале да направат еден од најдобрите колективни договори во земјава.

Со колективниот договор  се подобруваат и унапредуваат правата од работен однос, а со тоа се подобрува економско социјалната состојба, се имплементираат мерки по европски терк за заштита и безбедност на работниците и многу други поволности кои со потпишување на Колективниот договор ќе се стекнат вработените во АНБ, посочуваат во соопштението од МПС.

На свеченоста по повод потпишувањето на Колективниот договор покрај претседателот на МПС Кицев, присуствувале и генералниот секретар Киро Трајковски, потпретседателите Горанчо Јовановски и Борче Грујоски, кои беа и преставниците од Македонскиот полициски синдикат во работната група која изминатите месеци работеше на изработката на Колективниот договор.

На  маргините од прославата која се одржа по повод една година од формирањето на Агенцијата за национална безбедност,  Кицев претседател на МПС, Киро Трајковски генерален секретар, Борче Грујоски и Горанчо Јовановски потпретседатели, оствариле кратки работни средби со претседателот Стево Пендаровски и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на кои биле разменети идеи и предлози, а биле договорени и идни активности на Македонскиот полициски синдикат во делот на подобрување на правата на своите членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.