Во судир на две возила, на регионален патен правец Мавови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице.

Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7:45 часот. Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди“ управувано од А. Л. (29) од долнореканското село Присојница.

(фото: МИА)

Во сообраќајката со повреди се задобил Б. Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.