Само по себе е голем скандал тоа што непосредно пред да си замине од функцијата министер за здравство, Венко Филипче префрлил повеќе од 2,5 милиони евра на компанијата „Интраком констракшн – Интракат Грција“, која со години го „гради“ Клиничкиот центар во Штип, инвестицијата што беше најавувана како гордост на владата на Зоран Заев. Болницата требаше да биде готова во 2019 година, па во 2021 година и сега се спомнува крајниот рок, 2022 година. А објектот е далеку од финишот, пишува „Плусинфо“.

Уште поголем скандал е тоа што само два дена пред да го напушти министерското место, поточно на 17 јануари 2022 година, Филипче префрлил 56 милиони денари на контото на „Интракат“, а претходно, на 3 и 7 декември 2021 година, уште 100,4 милиони денари. За да се извршат овие три експресни уплати, претседателот на Основниот граѓански суд Скопје на 4 ноември 2021 година донел решение (ППНИ-673/21) со кое се одлага извршувањето против „Интракат“ на период од 90 дена. Упатените велат дека ова е сторено по ургенција на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ.

Зошто е толку важна фирмата „Интракат“?

За какво извршување станува збор? Компанијата „Бетон Штип“ и уште 600 други македонски фирми, врз основа на неплатени времени ситуации за извршени градежни работи и фактури за испорачани градежни материјали за изградба на Клиничката болница во Штип, од „Интракат“ побаруваат 2,5 милиони евра. Грчката компанија тие пари си ги зела од македонската држава. Основниот суд уште во февруари 2020 година во Штип ја блокирал сметката на „Интракат“ на таа сума и почнала постапката за присилно извршување. Но, наместо македонските компании и работници да си ги добијат заработените пари, 15 месеци по деблокадата се носи решение за привремена деблокада, со цел Филипче експресно да ја наполни касата на „Интракат“, во деновите кога знае дека веќе нема да биде министер, ризикувајќи за оваа постапка да добие и кривична пријава.

И тука доаѓаме до клучното прашање – зошто е направена оваа скандалозна махинација? Кому и зошто му е толку важна фирмата „Интракат“? Засега на овие прашања нема прецизни одговори, но се раѓаат нови, симптоматични прашања.

Целиот текст тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.