Полицијата во велика Британија го уапсила полицаецот Вејн Казнс (48), кој е обвинет за киднапирање и убиство на Сара Еверард, што го потресе Островот.

Како што објавија британските медиуми, на Казнс ќе му се суди во октомври.

Исчезнувањето и смртта на 33-годишната Сара во Велика Британија привлече големо светско внимание. Нејзиното момче прв го пријави исчезнувањето на Сара. Тој ја алармирал полицијата откако таа не се појавила на работа и не успеал да стапи во контакт со неа.

Сара Еверард работела во маркетинг фирма. Исчезна вечерта на 3 март кога се враќала дома од посета на пријател во Брикстон.

Нејзиното тело беше пронајдено една недела подоцна во шума во близина на Ешвард, Кент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.