Владата издвоила 720 милиони денари дополнителни средства за ДИК за набавка на терминали за читање на отпечаток од прст, кои ќе се користат за локалните избори. Во мај ќе започнат процедурите за јавна набавка, а следната недела ќе се одржи и технички дијалог каде сите страни можат да се вклучат и да дадат свои препораки за биометриската опрема.

– Постапката ќе биде отворена. Следната недела планираме да спроведеме и технички дијалог. Постапката ќе биде јавна и транспарентна, ќе се врши преку електронскиот систем за јавни набавки. Техничкиот дијалог ќе трае пет дена. Сите понудувачи или електронски оператори во земјава или пак странски, можат да дадат свои препораки и забелешки за нашата документација која сега ја подготвивме“, истакна Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изрази убеденост дека целиот процес ќе заврши пред локалните избори во октомври

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.