Почина жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше пренесена на Инфективната клиника во Скопје, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Нејзниот сопруг е хоспитализиран.

Таа подолго време беше на респираторна машина. И покрај сите напори на медицинските лица и интензивната терапија таа почина. Според историјата на болеста таа примала хронична терапија за хипертензија. Имаше 66 години, изјави министерот Филипче.

Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

Претходно починаа 57-годишната кумановка на која постхумно и беше дијагностициран ковид-19 и 63-годишен маж од Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.