Американскиот актер Џејмс Кан, чија најпозната филмска улога беше Сантино „Сони“ Корлеоне во култниот филм „Кум“, почина на 82-годишна возраст.

Тажната вест ја сподели неговиот тим на Твитер.

Џејмс Кан е роден на 26 март 1940 година во Бронкс, една од петте области на Њујорк, а неговите родители Артур и Софија Кан биле еврејски емигранти од Германија.

Тој стекна голема популарност во далечната 1972 година, кога ја одигра улогата на Сантино „Сони“ Корлеоне во филмот „Кум“, во режија на маестралниот Фрaнсис Форд Копола. За оваа улога беше номиниран за филмската награда Оскар, во категоријата за најдобра споредна машка улога.

Паралелно со неговата блескава актерска кариера, Кан имал и интересен приватен живот. Имено, тој го кажал судбоносното „да“ дури четири пати и е татко на пет деца.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.