Водителката на подкастот на Би-би-си, Дебора Џејмс, почина по борбата со ракот на дебелото црево, пренесува „Сан“. Таа имаше само 40 години.

Ракот во четвртиот стадиум ѝ бил дијагностициран неколку дена пред Божиќ 2016 година. Тажната вест за нејзината смрт е објавена на нејзиниот инстаграм-профил.

Со длабока тага ја објавуваме смртта на Дебора Џејмс, најневеројатната сопруга, ќерка, сестра, мајка. Дебора почина денеска, опкружена со своето семејство, пишува во објавата.

Дебора, која многумина од вас ќе ја знаат како Bowelbabe, беше инспирација и ние сме неверојатно горди на неа и нејзината работа и посветеност на добротворни кампањи, собирање средства и нејзините бескрајни напори да ја подигне свеста за ракот што допре до толку многу животи. Ви благодариме што ни дадовте време приватно како семејство, заклучуваат во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.