Данска го регистрира првиот случај на инфекција со позаразнaтa мутација на корона вирус, првично откриен во Јужноафриканската Република.

Како што објави Државниот институт за серуми, станува збор за вид на вирус познат како Б.1.351 / 501Y.

Претходно данските здравствени власти објавија дека во земјата се регистрирани вкупно 256 случаи на инфекција со Б117, исто така позаразен вид на корона вирус, но првпат идентификуван во Велика Британија.

Досега во Данска се пријавени 188.199 случаи на корона вирус, а починати се 1.747 лица.

Данска во средата го продолжи карантинот за три недели во обид да се намали ширењето на новиот вид за кој властите стравуваат дека ќе биде доминантен до средината на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.