„Гешев е позер, оставка и затвор“, „Корона чао, Бојко чао“, „Оставка“ – петти ден од протестите во Бугарија. Во престолнината одново илјадници граѓани излегоа на улиците. Тие протестираат против олигархискиот модел на владеење и побараа оставки на владата на Бојко Борисов, како и на главниот обвинител Иван Гешев. Протести имаше и во Пловдив, Русе, Варна, Бургас и други градови во државата, пишува бугарското издание на Дојче веле.

Во Софија граѓани се собраа и пред зградата на МВР, каде побараа оставка од министерот за внатрешни работи Младен Маринов, заради полициското насилство на протестите во петокот, на 10 јули, како и заради однесувањето на полицијата за време на саботните протести во паркот  „Росенец“ до летната резiденција на Ахмед Доган.

Демонстранти имаше и пред зградата на БНТ. Нивно барање беше оставка на генералниот директор на телевизијата Емил Кошлуков. Тие демонстрираа и против известувањето за протестите од страна на државната телевизија.

Подоцна сите демонстранти се придружија кон основниот протест, што се одвиваше меѓу Владата и резиденцијата на претседателот на државата.

Организаторите на протестите се заканија дека ако владата не поднесе оставка до среда, пратениците нема да бидат пуштени да влегуваат во парламентот.

Ако, сепак, некако влезат, нема да им дозволиме да излезат, изјавио проф. Велислав Минеков, дел од „Отровното трио“ кое ги вклучува уште Арман Бабикјан и Николај Хаџигенов.

Во саботата премиерот Бојко Борисов објави дека нема да поднесе оставка.

Мојата глава е дебела, можете да ја кршите колку сакате, изјави тој.

Борисов во протестите гледа заговор од страна на претседателот Румен Радев, ДПС и Да, Бугарија, за уривање на владата.

Протестите започнаа во четвртокот, на 9 јули. Тие беа предизвикани од два настана од минатата недела-вклучувањето во живо преку Фејсбук на Христо Иванов и Иво Мирчев од Да, Бугарија, кое покажа дедка Националниот совет за одбрана не им дозволува на луѓето да стигнат на државна плажа, што се наоѓа во близина на летната резиденција на Ахмед Доган, почесен претседател на Движењето за права и слободи, како и претресот во просториите на резиденцијата на претседателот Радев, извршен од страна на полицијата и обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.