Пејачката Ана Николиќ се вивна меѓу ѕвездите и ги освои срцата на публиката уште кога првпат се појави на Беовизија во 2006 година. И тоа, најскапата песна на естрадата.

Песна која посебно се издвојува и 17 години се слуша е песната „Ромале, ромали“, со која Ана се претстави на националниот избор за песна за Евровизија.

Ана ја купила песната од Кики Лесендриќ, а поради лошото однесување платила пенали. Ана искеширала 30.000 евра, но за ваков хит очигледно не погрешила.

Лесандриќ вели дека многу го налутила, па решил да ѝ наплати.

Беше безобразна и плати за тоа. Требаше да ѝ го направам целиот албум, а таа му се врати на Мили. Се налутив и ѝ ја наплатив цената што беше оправдана. Во тоа време беше многу скапо да се продуцира, скапа беше и Марина, како и Љиља Јорговановиќ, песната секако ја оправда цената и на Ана ѝ донесе многу пари, вели Лесендриќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.