Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во нашиот заеднички дом, Република Македонија, деценија и половина со гордост се празнува овој значаен ден како симбол на богатата историја и култура, обичаи и фолклор на припадниците на бошњачкиот етникум. Токму со своите специфики и светоглед, Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина, но и во целиот балкански регион, збогатувајќи го бесценетиот мозаик од различни култури и традиции.

 

Драги сограѓани Бошњаци,

 

Благодарение на вашиот и на придонесот на сите останати етнички заедници, Република Македонија може да се пофали дека е пример за функционално мултиетничко општество. Нека нашиот соживот, заедништвото и почитта бидат влог во градењето на стабилна, просперитетна и економски развиена држава. Сплотени да ги надминеме сите здравствени, економски и политички закани кои се надвиснуваат врз нашата татковина и врз нас како индивидуи. Да ги премостиме сите пречки и да ги надминеме сите искушенија, стремејќи се кон подобра и посветла иднина.

 

Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам добро здравје, радост, среќа и бериќет – се наведува во честитката на Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.