Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, оствари кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Претседателот Пендаровски во разговорот со Кулеба ја реафирмираше целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.

Кулеба изрази благодарност за поддршката од Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.