„Глас за Македонија“ смета дека овој изборен процес е најскандалозниот од постоењето на нашата држава и оти врв на се, е синхронизираниот и скап, хакерски напад на софтверот во ДИК за кој имаме сомневање дека е нарачан во крајно сомнителна набавка.

Во ваква ситуација, опозицијата треба прва да повика на поништување на изборите. Но, таа молчи и се расправа за неколку мандати.СДС и ДПМНЕ повторно се јавија во улога на режисери на целиот процес, бидејќи имаше само нивни набљудувачи. Во целата нивна неодговорност, “закана“ им беа партиите од третиот македонски блок, како Глас за Македонија. Последиците од нивното однесување, ќе се видат веќе на локалните избори-велат оттаму

 

Затоа Глас за Македонија бара отворање на сите кутии, повторно пребројување на гласовите и вештачење на неважечките ливчиња.

Ако ова не се направи, бараме поништување на изборите!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.