Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при своето гостување во емисијата „Само вистина“ истакна дека откако Заев е на власт Македонија се претвори во дувло на мафија и организиран криминал.

Јас не сум на платен список на Буџет на Република Македонија. Јас не сум одговорен човек за здравствената ксостојба каква ни е, за економската. Ние говориме денес за период, кога Заев вели дека право и правдина ќе има но Македонија се наоѓа на 111-то место по корупција,истакна Пандов.

Пандов посочи дека Македонија со Заев денес е држава во која што околу 215 белосветски криминалци дошле тука и добиле македонски пасош.

Во државава 61 компанија има лиценца за произведство на марихуана. Само пет имаат дозвола и за масло од марихуана. Пред неколку дена ДЕА  официјално инфорира дека се ангажира да бидат фатени оние 200 килограми марихуана. И дека тоа комбе било на фирма партнерска на братучедите на Зоран Заев и Вице Заев тоа се Трајче и Бобан Заеви, рече Пандов.

Пандов додаде дека во случајот со марихуана се вмешани и полициски службеници, командир на полициска станица на Прилеп, а министерот за борба против корупцијата молчи.

Пандов во текот на гостувањето се осврна и на криминалите на Заев и Филипче. Поради тие криминали Македонија се уште нема доволен број на вакцини и доцна започна со имунизација на населението во државата.

Излегуваат Заев и Филипче и велат 12 милиони евра ни беа вратени. А, тие пари биле за 200.000 кинески вакцини. 12 милиони евра за 200.000 вакцини доаѓа дека околу 65 долари е една вакцина, колку што ниту една земја досега не платла за вакцина, истакна Пандов и потсети дека Кина вакцините ги продавала преку амбасади, бидејќи тоа ѝ е стратешки принцип.

А, нашиве тргнале преку фантом фирма. Кој доказ мене ми треба да сфатам дека ова е криминал, запраша Пандов.

Пандов посочи дека токму поради криминалот на Филипче и Заев Македонија не започна со имунизација на време, има енормен број на починати и новозаразени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.