Аеродромот во Хонг Kонг тестира кабина што целосно ги уништува сите зарази, вклучувајќи ја и најновата на кожата, за само 40 секунди. Доволно е патникот само да влезе во оваа кабина.

Оваа нова технологија би можела да стане секојдневен дел од ентериерот на светските аеродроми бидејќи патничката индустрија бара нешто што ќе овозможи безбедно патување.

Кабините на CleanTech, наречени подлоги за дезинфекција на целото тело, прво ја мерат температурата на патниците пред да им дозволат воопшто да влезат во кабината.

Потоа се влегува во кабината, каде што целосната дезинфекција на телото трае 40 секунди. Спрејот со којшто се дезинфицира уништува се на кожата и облеката. Оваа техника веќе се користи при дезинфекција на маски и опрема.

Аеродромот воведе и други здравствени и безбедносни мерки, како што се дезинфекција на рацете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.