Професорот, Аслан Биљали, од Тетовскиот универзитет пиша отворено писмо до државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски, во кое застанува во одбрана на министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Писмото го објавуваме во целост:

Имајќи ги предвид јавните превирања во последен период од страна на државниот просветен инспектор г-дин Ѓорѓи Илиевски а во својство на професор и ментор на докторскиот труд на доц. д-р Арбер Адеми како и потписник на рецензијата за негов избор во наставно-научното звање доцент по предметите меѓународно приватно право и арбитражно право, а чувствувајќи обврска за јавно произнесување и појаснување, како универзитетски професор со долгогодишно искуство по меѓународно право во Правните факултети во Универзитетите во Приштина, Тирана, Тетово и УЈИЕ, без никаква партиска припадност и целосно за почитување на сите позитивни законски прописи во било каква постапка, должен сум на јавноста да посочам на неколку работи: Колегата Арбер Адеми бил еден од моите најдобри студенти во редовните и докторските студии, за што говорат не само неговиот просечен успех туку и неговиот докторски труд со наслов: Решавањето на трговските спорови пред меѓународната трговска арбитража, како особен научен придонес во меѓународно-правната наука на Албански Јазик. Не му е прв пат, на државниот просветен инспектор г-дин Ѓорѓи Илиевски јавно да се занесе со лични ставови и тоа пред окончување на постапките, за наводни нерегуларности со нецелосно утврдена фактичка состојба, а кои не се официјален став на институцијата во која е вработен како просветен инспектор, при што, во ова пригода, сосема кратко треба да се посочат, изборите во звања на колеги од другите правни факултети додека биле функционери, а во кои случаи, личните и самоиницијативните ставови на посочениот инспектор биле спротивно окончани од МОН. Но за тоа, поопширно во друга пригода. Во ова пригода, сосема кратко, на моите преставки поднесени порано (кога на власт беше друга политичко-партиска гарнитура) до оваа институција за законски контроли на предвремено стекнати професорски звања, посочениот “самостоен” инспектор, писмено ме информирал да барам “мислење и автентично толкување од Собранието”. Затоа, и ќе привршам со констатацијата дека, во нашата држава, во високото образование доминира политиката, и во зависност од тоа кој е на власт, случаите не се расчистуваат, а посочениот “самостоен” инспектор кој работел на мои преставки, не ме убедил воопшто дека “е силен” пред законите.

Д-р Аслан Биљали,

Редовен Професор по Меѓународно правo.

Илиевски претходно откри дека Адеми бил незаконски избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата. Според Илиевски, Адеми од асистент бил избран за доцент, иако работниот однос на Универзитетот требало да му мирува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.