Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кое Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи“, пишува шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на социјалните мрежи.

„Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран“, дополнува Османи во напишаното.

„Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, потенцира шефот на македонската дипломатија во врска со новите случувања во спорот со Бугарија откако во Мадрид, францускиот претседател обзнани дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.