Само еден ден по отворањето на копнените граници за туристите, меѓу кои ќе бидат и Македонците, во Грција на 15 мај ќе се отворат и плажите и угостителските објекти на нив.

Како што соопшти генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис за грчката телевизија ЕРТ, вработените ќе мора да ги почитуваат мерките – одржување на далечина и носење маски.

Угостителските објекти ќе немаат право да пуштаат музика, а истото важи и за баровите и рестораните што се отвораат во Грција на 3 мај.

Оваа мерка, објасни Стамбулидис, е воведена затоа што експертите процениле дека бучавата го поттикнува кревањето на гласот, што доведува до ширење на капките низ воздухот и го намалува растојанието помеѓу соговорниците а тоа доведува до намалена безбедност во заштита од коронавирус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.