Од изјавите на Заев дознаваме дека сепак имало преговори со соседна Бугарија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и прашува:

– Дали трговецот – премиер во заминување Заев на овој начин ја продава Македонија и за какви интереси?
– Зошто оваа средба се држи далеку од очите на јавноста?
– Зошто Заев преку портпаролот лажеше дека нема средби кога сепак сам потврди дека имало?

Мицкоски уште еднаш повика на протести, затоа што, како што кажа, утре може да биде доцна.

Оставка на Заев, слобода на народот!, повика Мицкоски.

Денеска протестите предводени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се оджуваат ширум Македонија во 11 градови со почеток во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.