Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во официјална посета на Србија каде посочи дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија.

Дозволете ми најпрво да се заблагодарам во името на Владата на Македонија, граѓаните на Македонија на братскиот српскиот народ за значајната донација на вакцини, процес организиран од министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ, рече министерот Филипче на заедничката прес конференција со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Филипче додаде дека благодарение на таа донација, Македонија била во можност да започне со имунизацијата.

Министерот се заблагодарил и за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.

Филипче и Лончар разговарале на многу теми, при што се договориле соработки на повеќе теми, а бил направен и договор Институтот Торлак да стане стратешки партнер на Македонија, кога станува збор за набавката на вакцините.

Договорено било и дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија и дека оваа одлука се однесува на временскиот период од 15 јуни до 15 август.

Српскиот министер Лончар кажа дека во овие моменти во светот постои вирус кој не познава граници, па поради тоа државите мора да се однесуваат исто, да не поставуваат граници, туку да си помагаат едни на други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.