Српски медиуми објавија за големиот успех на македонскиот докуметарен филм „Медена земја“ откако вчера доби две номиинации за престижната награда Оскар во категориите најдобар странски филм и најдобар документарец.

Медиумите пишуваат за содржината на филмот, за екипата и за досега добиените награди, меѓу кои и триумфот на фестивалот „Санденес“ во јануари минатата година.

Би-би-си на српски јазик во текст нсловен „Оскар и земјата на медот: Kако филм од Македонија влезе во историјата на светскиот филм“, пренесува изјава на продуцентот и монтажер на филмот Атанас Георгиев дека земјава има мала филмска продукција, но многу талентирани уметници и добри приказни може да се најдат на секој чекор.

Иако финансирањето е ограничено, капацитетот на авторите не е, истакнува Георгиев, кој верува дека публиката – не само македонската, туку и публиката во светот – мора да научи дека документарниот филм денес се разликува од она што сме навикнати да го гледаме.

 

Документарните филмови не се филмови со протагонисти кои седат и зборуваат, туку умешно презентирани слики од реалниот живот, додава продуцентот на „Медна земја“ во изјавата што ја објавува Би-би-си на српски јазик.

 

Кога филмот освои три награди на фестивалот „Санденс“, кој е основан од актерот и режисер Роберт Редфорд, пишуваа „Гардијан“, „Њујорк тајмс“, „Ролинг стоун“ и „Венити фер“, наведува „Данас“.

За импресиите и одушевеноста по успехот на филмот, написи објавија и други медиуми во Србија, меѓу кои и Б 92 и Радио 021, а пораки и коментари имаше и на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.