Македонија се соочува со сериозна ерозија на капацитетите за справување со најголемата криза која што ја гледа и Македонија и Европа во последните декади. Системот не функционира, а економијата пропаѓа. Но она што функционира за жал се добрите пи-ар алатки, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

– Една недела гледаме пи-ар алатки и по три пати појавување на ден со разни информации, но никаква активност.

– Една недела гледаме како си тераат сопствен пи-ар на грбот на граѓаните, а реалноста е дека ништо не функционира.

– Претседателот на државата самиот призна дека системот не може да издржи и дека системот ќе колабира. Па јавно прашувам, затоа што не е негова работа да констатира состојби туку да решава состојби што направил од моментот кога сфатил или добил информација дека системот на може да издржи до овој момент? Дали само констатира или решава проблеми? Тој од мај месец оваа година е претседател на државата а не аналитичар и е избран н највисоката позиција во државата за да решава проблеми.

Во таа насока вчера без грам чувство ја гледаме Шеќеринска и Димитров како ловат политички поени, а во исто време на Никола Димитров како прв човек на МНР му се заглавени илјадници Македонци по аеродромите и граничните премини низ Европа, а истата Шеќеринска говори за стандарди, а не е неспособна да организира едно прифатилиште во Пеплиште.

Во исто време да се приземјиме и да видиме каква е реалноста. Јасно е дека не ги бива и се неспособни. Тотални аматери ја водат државата и не можат да се справат со последиците и од економската и од здравствената криза.

Прво за здравствената безбедност на Македонија.

Мерките не се доволно рестриктивни, тоа не го кажуваме ние, тоа го кажуваат Обединетите нации. Согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. Повторувам, Македонија е окарактеризирана во земји кои што немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. Регионално нашата земја се вбројува во Централна Европа и за споредба со останатите земји кои имаат далеку поголеми рестрикции. Имено според официјалните податоци на Обединетите нации 63 проценти од земјите членки на Европската Унија забрануваат влез на одредени националности, на пример Италијанци не можат да влегуваат во Германија. 26 проценти од европските земји забрануваат влез од други земји и 11 проценти дозволуваат влез само со соодветна медицинска документација. Македонија според ова рангирање не спаѓа во ниту една од овие групи, и спаѓа во други забрани што се многу помалку рестриктивни. Ова е црвен аларм значи дека Македонија спаѓа во други забрани што не се доволно рестриктивни што можеме впрочем и да го видиме.

Одлуките за затворање на гранични премини или на аеродромите доаѓаат откако ќе се појават случаи, одликите за рестриктивно движење на одредени групи на категории доаѓаат само и откако ќе се појават одредени случаи што значи дека државата касни најмалку месец дена и е соочува со катастрофата која што ја гледаме а доколку не се преземе по итни мерки уште поголема катастрофа ќе гледаме во следниот период.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ бараше веднаш воведување на кризна состојба, нешто што не го прифати СДСМ со цел да можат да си ги носат законите, односно согласно Уставот уредбите со законска сила коишто верувајте ќе бидат од корист на богатење на фамилијата на Зоран Заев, ќе ги видите тоа какви уредби со законска сила ќе се донесат – потенцираше Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.