Пендаровски ја покажа својата слаба позиција и немање на конкретен став, притисокот на Зоран  Заев е преголем и претседателот Пендаровски не може да се држи до ставот кој го дал две недели претходно, вели Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во Анализа на ТВ 24 говорејќи за променетиот став на Пендаровски во однос на случајот за 27-ми април на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Кога некој човек на одредена средба и во увертирата има одреден став, видовме и на гостувања на телевизија како вели дека осудените за 27 април заслужуваат правда, дека не го сториле делото за кое се осудени, а потоа после средбата да рече дека тоа не го кажал, тоа говори за слабост Тој ја покажа својата слаба позиција како претседател и немање конкретен став, Го смени за десетина дена, а можеби за 5 дена ќе има нов став, потенцира Нелоски.

Тој истакна дека судскиот процес за 27-ми април се гледа од авион дека е монтиран и истиот се темели врз основа на човек кој 5 пати ги смени своите искази.

– Овој судски процес е политички судски процес. Ако во минатото сме имале случаеви кои се враќани на почеток поради една изјава на политичар, тогаш зошто да не и овој случај. Овие луѓе не бараат амнестија, бараат нормален неполитички процес во кој ќе си ја докажат невиноста по однос на ова обвинение, а тој кој се огрешил по други основи и самите викаат дека се спремни да одговараат, потенцираше Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.