Најмалку 40 лица загинаа во експлозија на близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан рече дека најмалку 52 лица, претежно ученици, биле повредени во експлозијата.

Тој не ги наведе причините или целта на експлозијата.

Портпаролот на Министерството за здравство, Гулам Дастагир Назари изјави дека досега се хоспитализирани 46 лица.

Кабул е во состојба на готовност откако Вашингтон ги објави плановите во април да ги повлече сите американски трупи од Авганистан до 11 септември, додека авганистанските власти соопштија дека талибанците ги засилиле нападите низ целата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.