Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено, соопшти денес МВР.

Станува збор за инцидентот на кој вчера предупреди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Дарко Костовски, кој сподели дека повреденото момче е 13-годишниот Никола од Бутел.

Како што инфромираат од МВР, вчера во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.

Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.