На 15 јули победуваме, победуваме убедливо. Десетици илјади луѓе секој ден се приклучуваат на нашата кампања, десетици илјади луѓе секој ден даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и затоа сум убеден во една убедлива победа во четвртата изборна единица, толку убедлива што нашиот конкурент, мојот противкандидат вратата нема да ја најде во 23 часот во средата вечерта, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4 пред граѓаните на село Муртино.

Николоски рече дека Заев 18 години дома не успеал да си ја среди работата дома, укажувајќи дека не можеме да очекуваме државата да ја среди.

Дома не успеал да си ја среди работата, 18 години е на функција како градоначалник, пратеник и премиер, една канализација дома не успеал да изгради, ние чекаме да ја средува државата, вели Николоски.

Ве повикувам во што поголем број, масовно, референдумски да извадиме 75, 80 проценти и тука во Муртино и во Струмица, кажа Николоски.

Николоски рече дека пред една година кажал дека врвот на пирамидата на рекетирање бил Зоран Заев, укажувајќи дека и денеска цела јавност слушнала како рекетира 6 милиони евра, посочувајќи дека мора да се стави крај на Заев и бандата околу него.

Се сеќавам на една моја посета лани, тука блиско во селото Банско тогаш прв пат кажав во јавност дека во Македонија се случувал рекет, дека се изрекетирани многу бизнисмени и дека се вкупно изрекетирани над 20 милиони евра, прв пат беше кажано тоа во јавност. Потоа се случија торбите Луј Витон, после тоа се случија другите работи кои излегоа. Тогаш во паника Зоран Заев реши да ме тужи за клевета. Но, еве помина година и нешто, ги одлага рочиштата, не сака да дојде на суд, затоа што знае дека ќе изгуби. Е тогаш кажав, ама еве денска Господ си ги нареди работите слушнавте сите вие кој бил Капо ди тути капи, кој бил на врвот на пирамидата за рекетирање и кој барал 6 милиони евра рекет во Македонија, лично Зоран Заев. На тој бандит треба да му ставиме крај на 15 јули и после тоа да одговара заедно со бандата околу него, рече Николоски.

Николоски пред присутните граѓани, посочи дека 20 дена во текот на изборната кампања го повикувал Заев да каже која странска инвестиција ја донел во Македонија во време на тригодишниот мандат, потенцирајќи дека тој и семејството отвориле 5 фирми во соседна Бугарија.

Го повикував цела кампања Зоран Заев да каже една странска инвестиција која што ја донесе откако беше премиер. Знаете што се случи? 20 дена молк ама го  гледам тој и семејството станале странски инвеститори во Бугарија, па отвориле 5 фирми сите додека се на власт, последните две откако се случија претседателските избори, јасно им беше дека ќе се случи рекет, затоа што очигледно планираат да се селат од тука и да го селат капиталот веќе сопствеништвото на одредени фирми го префрлаат на тие бугарски фирми. Што само покажува како душмански се однесуваат кон сопствената држава, додаде Николоски.

Николоски вети добри економски политики, проекти за младите, покачување на платите, покачување на пензиите, како и голем број на проекти за младите лица да останат овде во државата и да ја градат својата иднина тука.

Еве оттука да му порачам на мојот противкандидат дека во четворката ќе те победам со најмалку 4 пратеници разлика, 12, 8. Во четворката ВМРО-ДПМНЕ има помеѓу 105 и 109  илјади гласови и ќе те згазиме во четвртата изборна единица и те враќаме на најтемната страни во историјата, му порача Николоски на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.