Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М. А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл. 244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев на платото пред ДТЦ Мавровка.

Од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал во координација со ОЈО- Скопје беа преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а Бесправно градење од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО – Скопје е поднесена соодветна кривична пријава – информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.