Вчера во 11:20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улицата „8 септември“ во Дебар а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата.

Притоа, биле опожарени патничките моторни возила „опел корса“ и „мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар, а увид на местото извршила полициски екипи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.