Новата влада која што се создаде е дивоградба која што може да функционира само со прекршување на законите. Иако ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период имало во план да ги разговара овие теми за поскапувањето на струјата во Собранието, сепак тоа не може да се случи поради тоа што не се закажуваат седници согласно деловникот, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, во вестите на Сител.

Тој посочи дека иако СДСМ вели дека во новата влада партиципираат нови и чесни кадри, сепак фактите говорат спротивно на тоа, односно дека истите луѓе го пустошат народот изминатите речиси четири години.

Ниту Заев е нов, ниту Шекеринска е нова. Истите луѓе со променети позиции, но со иста цел, да крадат од народот па дури и со поскапување на струјата. Но, еве сме денес тука во огромен број. Ова е почетокот на крајот на Зоран Заев и оваа криминална банда на власт. Сега започнавме со протести за струјата, но нема да запреме тука. Ќе бидеме помеѓу народот, се додека Македонија не се ослободи од овие нечесни политичари, додаде Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже во намерата да се бори за враќање на старата цена на струјата, затоа што тоа ги засега сите граѓани, независно од нивната етничка или партиска припадност. Ваква сиромаштија не е запаметена во историјата на државата и на тоа мора да му дојде крајот. Денеска сме тематски собрани по повод поскапувањето на струјата, но зборуваме и за криминалите, тендерашките игри и за сето она кое не е лицето на Република Македонија, туку на Зоран Заев и СДСМ, истакна Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше дециден дека во оваа битка се повикани и сите политички партии, без разлика од која етничка припадност се.

Ова е проблем кој ги засега сите граѓани и тука нема простор за делби. Мораме да се избориме со ова зло, дали сите заедно, дали одделно но со иста цел, важно е да победат граѓаните, рече вели Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.