Пратеникот Антонио Милошоски, од собраниската говорница порача дека високата стапка на смртност, односно на починати од Ковид19 на 1 милион жители, е показател за неуспехот на министерот Филипче и неговиот советник д-р Караџовски, кои барем од морални причини би требало да понудат оставки.

Како мала земја губиме несразмерно многу луѓе.
Споредба на број на починати на 1 милион жители:

Србија 102
Словенија 135
Бугарија 168
Албанија 171
Македонија 455 починати од Ковид-19

 

Од овие причини оставка си поднесоа министрите за здравство на Чешка, Романија, Бразил, Полска и други земји – истакна Милошоски.

Тој порача дека Владата мора да најде подобар тим од Филипче и Караџовски, за да се подобрат овие катастрофални резултати во справувањето со Ковид19 пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.