Релано, немате поим како се шири вирусот, со тоа ви паѓа во вода тезата дека изборите ќе се одржат според сите прописи и протоколи, заштитувајќи го здравјето на граѓаните, коментира на Фејсбук Ивор Мицковски.

И денес катастрофални бројки, за кои сум убеден дека не се целосни. Не е важно, дали приметувате дека и покрај сите прекауции и запазување на мерки, ни се заразуваат политичари, нивни родители, функционери, доктори, луѓе кои се пазат и кои не се пазат, оние кои имаат обзир кон другите, како и оние кои немаат.
Тоа е потврда дека тезата оти човек не може да се зарази ако ги почитува мерките – не држи, зошто реално си немате појма како се шири вирусот. Со тоа паѓа во вода тезата дека изборите ќе се одржат според сите прописи и протоколи заштитувајќи го здравјето на граѓаните.
Дајте вразумете се и не се понашајте сите како вирусот да е исчезнат само затоа што така си мислите во главите или таков ви е интересот.
А што се однесува до тезата дека со избори ќе сме добиеле функционални институции, ве молам некој нека објасни како сите институции и функционери досега избрани или именувани биле или се покажале како функционални, коментира Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.