Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари посета на општините Гевгелија и Богданци. Тој имаше средба со стопанственици во мотел „Вардар“

Што туку завршивме со состанокот, би рекол средбата која што беше прилично корисна за нас со стопанствениците од овде од Гевгелија, разговаравме за реалната состојба и условите во кои што тие стопанисуваат и битката која што за нив е исцрпувачка, а тоа е да го задржат секој еден вработен на работното место. Навистина ова се луѓе со импресивен карактер и луѓе кои што во време на криза, во време на пандемија, во време на би рекол човечки предизвик успеваат да вложат натчовечки напори и да ги одржат своите стопански капацитети и да обезбедат денар плус за да можат да ги задржат и вработените на работните места и да на време да ги исплатат би рекол месечните примања со кои што пак овие вработени потоа ги хранат своите семејства – истакна тој.

Ги кажаа проблемите со кои што стопанисуваат, разочараноста од политиките на Владата во делот на економијата, незадоволството би рекол од се присутниот криминал и корупција која што Македонија ја донесе за жал на 111-тото место на скалата на „Транспаренси Интернешнл“, на нереализираните ветувања кои што пред секои избори овдека СДСМ предводена од Зоран Заев ги дава и се обврзува, а потоа никаде ги нема, ниту пак да седнат да поразговараат, посочи тој.

Оцени дека е присутна разочараност.

Генерално, една разочараност е присутна. Но истовремено и мотивираност и начинот за натчовечки напори да се обезбеди денар за да се задржат работните места, бизнисот и навреме да се исплатат платите и да се сервисираат обврските кон доверителите. Така што јас им честитам на тие луѓе и им ја стегам раката и ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш така и во иднина ќе продолжи да биде нивен партнер и да ги поддржува економските политики и ќе биде револуционерна во креирање на нови економски политики што ќе додадат вредност на производите на овие стопанственици – заклучи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.