Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вообичаено годишниот одмор го користи во периодот по Илинден, во следните неколку дена заедно со семејството ќе одмора во Црна Гора.

Минатата година поради состојбата со пожарите тој не замина на годишен одмор, иако во една пригода рече дека имал силен притисок од домашните да одмораат заедно. Наместо тоа, тој отсуствуваше само ден-два кога отиде да го врати семејството од одмор.

Не се знае каде точно во Црна Гора ќе одмара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.