Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира на големиот број лажни вести и клевети што за него ги искажуваат претставници на власта и медиуми блиски до СДСМ.

Како што порачува Мицкоски, не планира да се спушта на ниво на таквите валкани кампањи на владините мегафони, туку дека ќе продолжи да се бори за доброто на граѓаните и ќе реагира секогаш кога власта повлекува потези што одат на штета на граѓаните.

Мицкоски посочува дека мешетарските потези на власта со цел да обезбедат некоја провизија повеќе, во Македонија секојдневно умираат луѓе како последица на Ковид-19 иако министерот за здравство и премиерот веќе неколкупати се пофалија дека ја победиле  епидемијата.

Знам дека се лутите и знам дека гневот што го имате кон мене е голем. Јас не сум како вас, нема да го спуштам нивото, бидејќи не сум само политичар, јас сум родител и педагог. Свесен сум дека ќе продолжите да ме навредувате, да измислувате и да клеветите, но тоа само ме мотивира повеќе во борбата против вас, политичките измамници и против вашите слуги во опозицијата, циркузантите. Нема поголема чест од тоа да се бориш за својот народ и сограѓани со честитост, достоинство, многу работа и многу откажување.

 

А какви се фактите?

 

Македонија е на врвот според бројот на починати од корона вирусот. Македонија е на дното според бројот на вакцинирани. Го злоупотребивте здравјето на граѓаните за партиско/политички агенди, поткупи и предизборни измами. Пред 45 дена не убедувавте дека завршува епидемијата во август или почетокот на септември и по кој знае кој пат погрешивте, на почеток сме на нов бран. Новиот бран е само поради вашата неспособност. Помили ви се провизиите отколку обезбедување на вакцини за граѓаните.

 

Да не ви беа послатки провизиите, од честа да работите за народот, денес ќе беше друга прилика. Неспособноста ваша убива.

 

Потфрливте во секој поглед. Вашето потфрлање чини загубени човечки животи. Од одговорност нема бегање. Граѓаните се мудри и казната ќе ја испорачаат за нешто повеќе од два месеци од денес, а наша задача ќе биде одговорноста – пишува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.