Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата со коронавирусот во Германија им избегала од контрола на властите.

Меркел на видео-конференција со шефовите на партиите ЦДУ и ЦСУ во Бундестагот и во покраинските собранија отворено зборуваше за неуспехот на власта.

Нам нештата ни избегаа од контрола, ги пренесе Билд зборовите на канцеларката.

Таа истакна дека бројот на новозаболени мора драстично да се намали и додаде дека властите и здравствените служби жестоко промашиле во следењето на контактите на заболените.

Меркел истакна дека во оваа ситуација кога бројот на новозаразените и умрените расте, важно е да се забранат сите непотребни патувања.

Сто пати го поставив прашањето зошто не можеме да ги забраниме патувањата“, кажа таа и додаде дека постојано добива одговор дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патувањето надвор.

Што се однесува до укинувањето на карантинот, Меркел кажа дека во моментов земјата не е во ситуација да се разговара за тоа.

Ќе мора поинаку да се отвораме отколку што беше одлучено – најпрво градинките и училиштата, па потоа продавниците и рестораните“, кажа германската канцеларка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.