Меган Маркл ќе биде заменик-уредник на септемвриското издание на Vogue.

Војвотката од Саскес поради тоа накратко ќе ги занемари своите кралски должности и ќе се посвети на уредувањето на Vogue, а за ова издание ексклузивно ќе позира и ќе напише т.н. „статија со мислења“. Па по оваа информација, во медиумите излезе и јавниот оглас за дадилка на синот на принцот Хари и Меган. Тие прибегнаа кон услугите на агенција за селекција на дадилки, за да најдат идеалната жена која ќе го одгледа нивниот син. Ова е пренесено од Insider.

Претходно британските медиуми посочија дека во грижата за бебето ќе помага мајката на војвотката на Сасекс – Дори Рагланд, а не бејбиситерка, на која сметаа Вилијам и Кејт. Младите родители сепак ја променија својата одлука.

Според информации на весникот, Хари и Меган имаат долга листа на барања, според кои агенцијата мора да најде дадилка. Таа ќе работи во Фрогмор котиџ, каде што се преселија пред да се роди малиот Archie.

Во меѓувреме жената која се грижи за трите деца на Вилијам и Кејт, истакна дека бебиситерката која ќе ја преземе улогата да го расте првородениот син на војводата и војвотката од Сасекс, треба да се однесува сосема нормално и да го третира како обично момче, за да се постигне успех.

Да се ​​биде бејбиситер во кралското семејство не е лесно. Постојано сте под надзор, што понекогаш е стресно “, вели Марија Бораро. Кога се појавува на официјални настани со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и Малиот Луј, таа секогаш носи униформа.

Таблоидите истакнуваат дека дури и ако се најде кандидат кој ги исполнува условите на кралското семејство, таа ќе мора да се соочи со предизвикот да се дружи со Меган, кој има комплексен карактер, а поради нејзините каприци, си заминаа неколку вработени во Бакингемската палата .

Сподели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.