„Богата Влада, сиромашен народ“, „Заев апаш, тендери лапаш“! Ова се само дел од пораките испратени на денешниот масовен протест во Скопје.

Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ кога го најавија денешниот протест.

Огромен број на граѓани, во автомобили, протестот го завршија пред Регулаторната комисија за енергетика, каде ВМРО-ДПМНЕ побара оставки од челниците поради поскапувањето на струјата во време на криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.