Утре на Плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи протест на Украинците кои живеат во земјата против руската инвазија во Украина. Протестот ќе почне во 14 часот пред споменикот на Александар Велики.

„Ги повикуваме сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“, велат од Здружението на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“.

Како што соопшти „Лесја Украинка“, на Плоштадот секој ден ќе се собира хуманитарната помош за Украина, за што ќе биде поставен шатор.

Минатата недела, Украинците кои живеат во земјава одржаа протест пред руската амбасада во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.