На денешното судско рочиште за настаните од „27 април“ сведочеше поранешниот јавен обвинител Марко Зврлески.

Тој истакна дека се познава со обвинетиот Владимир Атанасовски и дека имале средби кога тој бил директор на Агенцијата за разузнавање, но немале средби надвор од тоа.

Други средби сме немале oсвен ако можеби сме се сретнале некаде на прием – објасни Зврлески.

Зврлевски со ова го поби сведочењето на Александар Василевски – Нинџа, кој тврдеше дека обвинителот заедно со Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски и Билјана Бришковска- Бошковска договарале казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.