Денешното сведочење на поранешниот Јавен обвинител Марко Зврлески ги поби сите тврдења на обвинителката Вилма Рускоска и на нејзиниот омилен сведок Нинџа, дека Миле Јанакиески, Владимир Атанасовски како  Биљана Бришкоска договарале казни и преуди.

Адвокатот  Михајло Апостолски имаше само неколку куси прашања за Зврлески дали ги познава обвинетите, и посебно неговиот бранител Атанасовски.

Зврелески одговори дека ги познава обвинетите но само службено.

–  Со Владимир Атанасовски се имам сретнато само службено, но точно кога не се сеќавам. Причина за средбата бил службена, додека обвинетиот бил директор на Агенција за финансиско разузнавање. Друга посебна средба, ниту приватна, ниту службена не сум имал, изјави Зврлевски.

По ова сведочење, но и на останатите сведоци станува јасно дека обвинението е на стаклени нозе и оти судијата Илија Трпков има се поцврсти докази дека обвинетите не го сториле делото за кое се теретат  а тоа е „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.