Ако странците ви веруваат, тие ќе дадат еден куп аргументи зошто ДУИ треба да оди во опозиција за општо добро.

ДУИ не знае што се внатрешните реформи, не знае што е елементарна одговорност, не знае, пак ниту сака да знае дека таму е за да ја развива земјата и да го подобри целокупниот живот. Зборовите економија и развој за нив се непознати, изјави за Журнал универзитетскиот професор и советник на премиерот Зоран Заев, Мерсељ Биљали коментирајќи ги судирите меѓу владините коалициските партнери во врска со неуспешното одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Вељаноски.

Биљали вели дека дури и во самата ДУИ многу паметни млади кадри кои се оставени на маргините, на слаби позиции и со чувство дека цел живот треба да им стојат на располагање на партиските патрони, сега се убедени дека само Бог, преку неговата природна селекција може да ги смени некои луѓе кои со години прават голема штета.

Еден дипломат ми има кажано дека ДУИ наликува на сатанистичка секта која постои само за себе, која крјно го осиромашува својот народ, кој веќе е принуден да го одалечи најболниот дел од семејството, своите деца. Многу дипломати сега сосема лесно ќе ви кажат дека ДУИ е рак на државата и на самите Албанци. Во вакви околности, инфекцијата почнува да се шири и во тој дел од коалицискиот партнер кој започна со некакви идеали, дури и направи големи работи, иако и во тој субјект има полно такви кои немаат ништо заедничко со вистинските идеали, вели Биљали.

Но, тој смета дека еден прилично здрав дел од СДСМ како да е склон кон давање право на меѓународниот фактор и во иднина не може да се исклучат и уште по радикални политички разводни мерки.

Значи, вака како што функционираат не може да продолжи уште долго, бидејќи ова директно носи кон враќање на груевизмот на власт. Од тука, мислам дека постојат три опции кои се очекува да се случат. Првата, промена во работењето на ДУИ дека како долгорочен партнер на Груевски и неговото опкружување, што е тешко да се случи. Втората распукување во ДУИ, која одамна ја има достигнато критична маса и го чека моментот. Третата, растурање на коалицијата со ДУИ нејзино испраќање во опозиција, по што лесно ќе се дојде до нејзино уништување, вели советникот на премиерот.

Што и да се случи, Биљали вели дека оваа работа повеќе не може да продолжи на овој начин.

Можеби на претседателските избори за кратко време ќе го одложат епилогот, но соочувањето со реалноста се чини дека тропа на вратата. Сега треба да започнат преговорите со ЕУ, но со овој ментален код е невозможно.Ова што се случува имунитите е само температурата на една сериозна болест, заклучува професорот Мерсељ Биљали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.