По бројните забави во „Аватар“, спротивни на прописите на Комисија за заразни болести, Струмица стана најголемо жариште на КОВИД-19 во Македонија, пишува Курир.

Последниве 10-15 дена една од најсериозните кандидати за воведување на поригорозни мерки е токму општината Струмица. Град со околу 50.000 жители според податоци на министерство за здравство во моментов дури има над 260 активни случаи. Само на 9-ти октомври оваа општина имаше алармантна бројка од 44 новозаболени од вирусот. За само пет дена бројката на новозаболени изнесува стотина што алармира дека ситуацијата е загрижувачка. Ако се зеде во предвид дека изминативе неколку месеци Струмица имаше најмалку заболени од корона во Македонија, за пример е и периодот од 30 јуни до 4 јули оваа општина броела само двајца новозаболени.

Најзагрижувачка состојба е во струмичката болница кај што секоја секунда се полни со пациенти позитивни на КОВИД-19, а на Инфективното одделение подолго време нема место. Дополнителниот простор кој беше отворен пред една недела е наполнет. Поради оваа ситуација уште неколку простории во амбулантите од општата болница се адаптираат за пациенти заразени од КОВИД – 19. Но недостатокот на простор не е единствен проблем со кој се соочува Струмица. Проблем претставува и недостатокот на здравствен персонал. Проблемот кулмунираше откако пред недела дена двајца доктори и три медицински сестри се заразија со корона вирусот.

Немаме доволно доктори, немаме сестри кои што ќе ја покриваат работата во овој оддел на Инфективно одделение. Бевме во контакт со заменик министерот за здравство и со него постигнавме договор за помош за доктори како и за медицински сестри, за да се пополни празнината и за да се помогне во лекувањето на заразените пациенти. Ситуацијата во која што се наоѓа стримичката болница е неиздржлива, изјави директорот на струмичката болница, Наќе Гогов за централен дневник пред неколку дена на телевизија Сител.

Директорот Гогов очекува дека деновиве ќе пристигне здравствен персонал од внатрешноста на Македонија кој ќе помогне на болницата, бидејќи моменталната состојба во која што се наоѓа Струмица е алармантна.

Во болницата во Струмица се лекуваат полесни случаи на заразени од КОВИД-19, а пациенти со потешка клиничка слика се упатуваат во Скопје и Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.