На митингот во Валандово вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото потсети на ветувањата на премиерот Зоран Заев дека не само што го зачувал идентитет туку и го зајакнал со дополнителна арматура.

Изгледа се консултирал со браат му Вице околу градежништвото. И вели не само што е бетон, туку тој бетон го зајакнавме со арматура. Еве ќе го потсетам. Пред зградата на институцијата која треба да симболизира вистински обединет идентитет на Македонија, на македонската нација, а тоа е Владата на Република Македонија, човекот којшто денеска се фали дека го сочувал идентитетот и го зајакнал со арматура, се срамеше да ја построи македонската гарда и се срамеше да слуша заедно со интонацијата на воениот оркестар дека „денеска над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, рече Мицкоски.

Човекот кој денеска вечи дека го зачувал и го зајакнал идентитетот, се срами да каже на кој јазик зборуваат луѓето кои живеат во северна Грција.

Се срами да каже дека тие луѓе се Македонци, дека зборуваат на македонски јазик, дека тие Македонци таму пеат македонски песни и играат македонски ора, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.